Стари снимки со пари и лисици на раце за Заев и Дончев-нова доза лепливи раце, обвинителството нема да истражува нецелосни снимки

Ден Дончев тврди дека вчерашните снимки со парите и со него се стари и приватни, а тврди дека исечените разговори се манипулација за да му се наштети.

Две од 4-те снимки кои опозицијата ги поврза со улогата на екс директорот на Фондот за здравство Дончев со случајот Дијамед, не се разговори за таа зделка, објаснува Дончев.

Соопштение на Ден Дончев:

-Приметливо е дека снимките се нецелосни и се вадени од контекст со цел во јавноста да се постигне одреден наратив. За првообјавената снимка, се што имав да кажам за случајот Дијамед, јавно и официјално го изнесов како директор на Фондот за здравство. Случајот е тежок околу 200 милиони евра. Да не заборавиме, како што е општо познато во јавноста, во банка во Монако се замрзнати 9 милиони евра, а во Македонија 2,5 милиони евра, на име на поранешната „сопственичка,, Вера Иванова. Второ објавената аудио снимка и трето објавената видео снимка се од приватен карактер и не се поврзани со извршување на мојата јавна функција. Објавената Видеоснимка по мое сеќавање е од поодамна и станува збор за снимка од приватен карактер.

Обвинителството има две истраги една против Дончев со пријава од Вера Иванова за рекет, една против Вера Иванова која е пред крај и се однесува на сомнежите при доделенета концесија за дијализа на фирмата Дијамед.  Од организиран криминал бараат пријавувачите на интернет да ги пријавуваат снимките во обвинителство.

Став на Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција нема да постапува по нецелосни снимки и претпоставки. Во надлежност на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција е откривањето на кривичните дела од економско финансиска природа. Обвинителството укажува дека секој што поседува докази дека е сторено кривично дело истото треба да го пријави во Министерството за внатрешни работи или во обвинителството и да ги приложи доказите по што обвинителството ќе отвори предмет и ќе преземе дејствија за расветлување на случајот.

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и лисици и за Дончев и за Заев по објавените снимки, додека владеачката партија смета дека опозицијата врши манипулации како што правела со години наназад.

-Во нормална држава денес Зоран Заев и Ден Дончев ќе беа со лисици на рацете. ЈО требаше уште веднаш да постапи и да го викне Дончев на распит, да отвори предмет против него и да го стави во притвор. Ништо од ова не се случи. Затоа што со ЈО за организиран криминал раководи Вилма Русковска, обвинител кој целосно ги игнорираше сите искази и докази на Боки 13, дека кај Заев завршиле парите од „Рекет“, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изминативе месеци, а претпоставувам и наредните 20-30 дена ќе бидеме жртви и на фејк-њуз напади и тоа претпоставувам е очекувано од изборите. Но она што не може да прифатам е некој да излезе пред јавноста и да ја бара довербата од граѓаните без ниту еден доказ дека нешто научил од сопствените грешки и дека барем малку се променил. Не успеа ВМРО-ДПМНЕ да се откаже и од корумпираната зграда, одговори Радмила Шекеринска, министер за одбрана и заменик претседател на СДСМ.

Снимките беа објавени на новоотворен јутјуб канал вчера.

Дончев си даде оставка на почетокот на мај, опозицијата го обвини дека сака да избега, а тој рече дека е од приватни причини поради член на своето семејство.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ