Старата печка возобновена, новата во „Дрисла“ чека тендер

Три месеци изминаа откака градот вети нова, пет милиони вредна печка за скопската депонија. Четирите ѕида на неизмалетерисаниот објект, зјаат празни. Додека се набави новата, старата доби филтер и ќе работи со полн капацитет.

Британска донација од пред 2 децении го загадуваше воздухот, а надлежниот инспекторат изрече казна и наложи да се стави филтерот. Миризбата од согорениот медицински и опасен отпад стасуваше и до Скопје. За сега остана само миризбата од наталожениот смет од цело Скопје. Пред 4 години тогашната градска управа вети нова модерна депонија, која нема да затрупува ѓубре. Градот го избра италијанскиот конзорциум „ФЦЛ Амбиенте“. Вториот понудувач од Германија се жалаше за направилности во изборот, а градот и во повторената постапка повторно се одлучи за италијаните.

И тогашниот, и сегашен директор се пожали. Скопје нема депонија, бидејќи се е заглавено во судовите.

Реакцијата на Ангелов доаѓа откако градоначалникот Шилегов одлучи дека ја обжали одлуката на Управниот суд градот да го раскине договорот со „ФЦЛ Амбиените“ и да склучи договор со германската компанија „ШОЛЦ“. Повратен одгвор од судот се уште нема.

Италијанскиот проект предвидуваше влог од 73 милиони евра за објекти во кои од сметот ќе се произведуваат електрична и топлинска енергија, дел ќе се селектира и рециклира. До тогаш, камионите од цел град еден зад друг чекаат ред да истоварат ѓубре на ридот, над едно од поглемите скопски села – Батинци.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ