Стар твит на руската амбасада „најгласен“ во досегашната кампања за референдумот

Русија не се вклучува во кампањата за референдумот на 30 септември, ниту пак има свои пораки како повеќето западни дипломати и политичари кои досега го поддржаа Договорот од Преспа за решавање на спорот за името.

Таквиот став за Телма го потврдија и од руската амбасада од каде велат дека немаат намера да се мешаат во внатрешните работи на Македонија во текот на референдумската кампања.

Стариот твит на руската кој денес привлече внимание воопшто не е поврзан со неодмнешните посети на Столтенберг, Курц и Меркел. Од амбасадата реагираа на веста и појаснија дека твитот се однесува на изјавата на албанскиот претседател Илир Мета кој ги повика албанците во Македонија да гласаат на референдумот на 30 септември.

Претходно западните сили предупредуваа дека Русија во обид да спречи ново проширување на НАТО ќе делува негативно врз договорот од Преспа, но такви активности засега нема, смета Адамчевски поранешен дописник од Москва.

„Деновиве не е реткост странски лидери да им сугерираат на граѓани на #Македонија како да гласат на #референдумот. Интересно, што би било вакви “совети” да дели официјален претставник на #Русија..“

Вниманието кое Македонија го добива од западните партнери е заслужено, бидејќи сами сме одлучиле да најдеме решение за деценискиот спор за името оценува македонскиот прв дипломат Димитров.

Тонско Никола Димитров министер за надворешни работи – 7.47-8.02

Додека во Грција имаше и протерување на руски дипломати кои се верува дека работеле против спроведување на Договорот, засега во Македонија политичкиот врв не гледа мешање на Русија.

Досегашните посети на политичари од западните земји се во насока на креирање позитивна атмосфера во пресрет на референдумот и давање силна поддршка за македонското членство во НАТО и Европската унија што секако зависи од спроведување на Договорот од Преспа, оценуваат експертите.

Христијан Станоевиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ