Становите ќе поевтинуваат – освен локација во Центар, граѓаните да бараат квалитет

Освен во Центар, становите во другите општини е можно да поевтинат за неколку проценти, очекуваат градежниците. Досега големата побарувачка за станови може да спласне, па во иднина потернцијалните купувачи ќе бидат тие што ќе ја диктираат цената на становите на пазарот. Самите градежни компании денеска ги повикаа граѓаните, кога купуваат стан, внимателно да изберат квалитет за своите пари, а не да се раководат само од атрактивна локација.

„Затоа апелираме да се внимава на бројот на паркинзи, зелените површини на локацијата и на квалитетот на градбата, на тоа мора дефинитивно да се посветиме, бидејќи секаде во светот квалитетот на стан не е стан во центар, туку квалитетот е смарт стан, од високо квалитетен материјал, кој техничко технолошки задоволува највисоки стандарди. Тој склоп ако го смениме, сите би имале бенефит, и купувачите и изведувачите, тогаш би се дошло до онаа пазарна вредност на станот што е реална и што може човек да ја плати во однос на тоа каков квалитет на станот купува“, вели Андреа Серафимовски, претседател на Здружение за градежништво при СКМ.

Во моментов, најскапи се становите во Центар, тие чинат од 1000 па до 1300 евра, а поевтини се во Кисела Вода, Аеродром и Карпош, од 950 до 1.050 евра. Квалитетниот стан секаде ќе биде скап, но зградите кои се помалку квалитетени а сакаат да ја одржат цената, нема да го издржат тој тренд. Здружението за градежништво со обуку ќе им помага на граѓаните правилно да ја проценат вредноста. Според Серафимовски, сликата во главниот град е малку извртена, скап треба да биде оној стан што нуди најдобри услови за живот.

Според одобренијата за градење, во првите четири месеци од годинава е предвидена изградба на 2.150 станови, што е намалување од 30 отсто во однос на истиот период лани. Иако забавено, изградбата продолжува, и покрај големиот број непродадени станови.

Лани градежништвото како учество во БДП падна за 13,7 проценти, главно поради запирањето или забавувањето на дел од крупните инфраструктурни проекти на државата, како што се автопатот Кичево Охрид, првата делница од експресниот пат Градско Прилеп и гасоводната мрежа кај Неготино, но и намалена инвестицикса активност на приватниот сектор. Трендот продолжува и во првиот квартал годинава, падот е 37,2 отсто. Градежниците ја притискаат Владата да ги забрза и реализира сите предвидени капитални проекти од 400 милиони евра за оваа година, што градежништвото ќе го крене многу повеќе од Скопје 2014.

„Активно сме вклучени во сите проблерми, особено за Кичево Охрид, голерм дел од наследените проблеми се решеми и очекуваме во наредфниот месец два да се решат потполно“, рече Серафимовски.

Градежниците побараа и владина поддршка за  компаниите кои имаат добри референци за работа во странство, бидејќи таму сега има огромен пад. Здружението ја поддржува ревизијата на деталните урбанистички планови поради кои има застој во издавањето на одобренија за градење, но очекуваат извештај кој ќе покаже дали градежниците напразно беа стопирани во работењето или граѓаните навистина ќе имаат корист од овие ревизии и застои.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ