ССНМ бара истрага за заканите кон Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повика полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска, дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен на Централниот регистар.

Побараа и од менаџментот на Централниот регистар да поведе дисциплинска мерка против својот вработен. “Само на овој начин ќе се обесхрабрат сите оние коишто во иднина би помислиле повторно да се закануваат на новинари“, велат од Синдикатот.

Централниот регистар соопшти дека против нивниот вработен, Емил Јакимовски е веќе отворена дисциплинска постапка, но нема решение бидејќи е на боледување неколку месеци.

Информираат и дека тој им се заканувал и на вработени, меѓу кои и на директорката на Централен регистар која исто така поднела пријава.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ