
ССМ: Принудни одмори се најчестите поплаки од работниците
Во Сојузот на синдикатите на Македонија изминатиот период се обратиле работници по разни основи, a првенствено, вработени во странски компании во зоните. Од ССМ за Телма велат дека најголем дел на реакциите на работниците се дека се испраќаат на принуден одмор, да го користат платениот годишен одмор при што во голем дел без да добијат соодветни решенија, а кај некои по добивањето на Решенија за привремен принуден одмор им се откажуваат и договорите за вработување. Компаниите од каде што се имаат обратено работници до ССМ бројат повеќе од 15.000 вработени.
Забележливо е дека обраќањата во најголем дел се од работници кои не се синдикално организирани, па апелираме на потребата од синдикално организирање во овие моменти за да можеме сите заедно навремено да си помогнеме. Сојузот на синдикатите на Македонија, согласно своите капацитети овозможува правна заштита за сите работници кои ќе се обратат до ССМ. Дополнително од ССМ посочуваат дека тие се дел од Економско социјалниот совет каде се разговараз, а антикризните мерки – и дека Очекуваат работодавачите доследно да ги реализираат донесните мерки првично во насока на заштитат работните места и обезбедување на егзистенцијална сигурност на работниците и нивните семејства. А за сите мерки кои нема да се покажат соодветни ќе инсистираме на нивно укинување, измена и ќе предлагаме нови соодветни мерки и решенија.
Наташа Стојановска