
ССК: Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст
Предизборните ветувања за подобрување на родовата еднаквост политичарите многу слабо ги исполнуваат.
Претприемачкиот потенцијал на жените е неискористен извор за економски раст на земјава- потенцира од сојузот на стопански комори во пресрет на денот на жената 8-ми Март.
Бараат спроведување на акцискиот план кој треба да обезбеди повисоки работни позиции за жените во корпоративниот свет, подобрување на состојбата на руралната жена и развој на женското претприемништво.
Жените се застапени со помалку од 40 проценти на пазарот на труд.