
Средношколецот прегазен на пешачки премин во Штип е во критична состојба
Во критична состојба е 15 годишниот средношколец, кој утринава беше прегазен на пешачки преми на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип. Момчето заедно со група на средношколци од електро-машинскиот училишен центар „Коле Нехтенин“ на големиот училишен одмор го преминувале преминот, возилата од десната страна стоеле, но од левата колозовна лента 68 годишниот БМ од Кочани, кој управувал со возилото „Фолцваген Поло“ со штипски таблички не застанал и продолжил да го влечи неколку метра по булеварот. Потресна беше сликата утринава пред ова училиште.
Од болницата велат дека момчето е во критична состојба, извршени му се две операции на главата од страна на неврохирург. Директорот на училиштетот, Дејан Павлов забележува дека и покрај поставени знаци и пешачки премин, сепак на овој булевар се вози брзо, а од почетокот на годината досега се случиле три несреќи со последици.
Училиштето има доставено барање за поставување на лежечки полицаец, но според Павлов најсоодветно решение за безбедноста на учениците е изградба на пешачки мост. Истиот проблем со сообраќајната култура на возачите го имаат и студентите од Природно техничките факултети, чиј пешачки премин се наоѓа на неколку метри од ова училиште.
Викторија Јованова Димитрова