
Среде зелена трева и игралиште во Струга, потпишан договор од 40 илјади евра за филтер за вода ден после масовната литија
Општина Струга се уште нема официјален став за вчерашните случувања на литијата во градот на Дрим, но на својот ФБ профил, општинските администратори објавија друга информација збогатена со несекојдневна фотографија.
Општината соопшти дека:
-Денес градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко потпиша договор за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во с.Подгорци. Оваа инвестиција на Општина Струга чини околу 2,5 милиони денари и ќе послужи за да ги задоволи потребите на жителите на селото, кои до сега немаа пристап до чиста вода што воедно претставуваше и опасност по нивното здравје.
На фотографијата потпишувачите се седнати на столчиња и маси за во градина, на игралиште, со договорите пред нив. Вредноста на договорот е околу 40 илјади евра.