
Средбата за законот за ЈО заврши пред да почне
Само 15 минути им беа доволни на работните групи за законот за јавно обвинителство, за да сфатат дека, различно го сфатиле исходот од неодамнешната лидерска средба.
Ја прекинаа работата, за да се консултираат со партиските штабови, додека законот ќе чека некоја нова средба. Според нивните изјави, дадени пред да влезат, клучните разлики остануваат.
За разлика од нив, претседателот на државата е оптимист дека ќе се постигне решение, иако и да не се случи тоа, тврди дека нема да има влијание врз нашиот влез во ЕУ.
Преговорите за овој закон се заглавени повеќе од девет месеци.Кога ќе биде новата средба, засега не е познато.
Далиборка Демјанска Цветановска