Средба Заев – Иванов

Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов денеска се сретнале во вила Водно, дознава Телма. Разговарале за кандидатот за гувернер на НБРМ. Детали од исходот од средбата нема. Од владата не скаат да објавуваат дополнителни информации, бидејќи како што велат средбата ја организирал Кабинетот на шефот на државата, од каде пак во моментов не се достапни за изјава.

Инаку, претседателот Иванов за гувернер на Народна банка повторно го предлага досегашниот прв човек Димитар Богов, откако како што соопштија од неговиот кабинет, претходно се консултирал со надлежните институции. Но, владејачкото мнозинство не го прифаќа овој предлог. Мандатот на Богов завршува на 20 мај.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ