Средба Заев-Ахмети: Владата нема никаква одговорност

Претседателот на ДУИ Али Ахмети го убедувал премиерот Заев да не поднесува оставка и да не брза со носење одлука, дознава Телма од партиски извори.

Средбата се одржала во Владата и траела еден час, од 16,30 до 17,30.

Високи партиски извори од ДУИ за Телма велат дека Владата нема никаква одговорност што било потврдено и од Брисел. Ние ги исполнивме сите услови и затоа не треба да се сметаме за одговорни.

Во моментов треба да, работиме на НАТО и да го заокружиме процесот успешно. Не е време за избрзани одлуки, велат од ДУИ.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ