
Средба на Мицкоски со еврокомесарот Хан
Договорот со Грција е штетен за Република Македонија и затоа истиот е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ потенцирал претседателот на партијата, Христијан Мицкоски на денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан. Мицкоски и Хан разговарале и за политичката состојба во државата, евроантлантските интеграции на Македонија како и актуелниот референдум за договорот со Грција. Мицкоски го повтори ставот на партиските органи во однос на референдумот дека граѓаните се доволно зрели и достоинствени за сами да ја донесат одлуката како ќе постапат на 30 септември.
Мицкоски и Хан се согласиле дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност и просперитет во балканскиот регион како и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие стратешки цели на Македонија