
Средба Мета-Османи во Тирана
Албанскиот претседател Илир Мета оцени дека усвојувањето на Законот за јазиците е чекор напред во демократизацијата и зајакнувањето на интегративниот пат на Македонија.
Тој ова му го кажал на вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е во официјална посета на Тирана.
Албанскиот претседател го нагласил и значењето на целосната имплеменатација на Охридскиот договор, за почитување на правата на Албанците во Македонија и подобрување на климата на доверба меѓу Албанците и Македонците во интерес на евроатланската интеграција на земјата.
На средбата, претседателот Мета ја посочил неговата ангажираност во зајакнување на соработката меѓу Албанија и Македонија во интерес на двете земји и европската перспектива на регионот.