
Сребрена Евролига: Македонија обезбеди втор триумф над Косово
Македонската одбојкарска репрезентација со втор триумф ја затвори групната фаза во Сребрената Европска лига.
На домашен терен во СРЦ „Кале“ славеше над Косово со 3:0 (25:17, 25:10, 25:21), во шестото последно коло од А групата.
На 15 и 16 јуни во Скопје ќе се одржи „фајнал фор“ турнирот на кој покрај Македонија ќе играат Летонија, Белорусија и Хрватска.
Утре ќе бидат извлечени двојките за полуфинале.