Спорната апликација стигна во ОБСЕ/ОДИХР

Спорната телефонска апликација на СДСМ стигна и во набљудувачката мисија ОБСЕ/ОДИХР. Од тимот на претседателскиот кандидат, Гордана Сиљановска, денеска се сретнаа со меѓународните набљудувачи, за да ги информираат за деталите околу апликацијата, за која тврдат дека била создадена за да собира лични податоци за граѓаните. Велат дека, замената на единствениот матичен број на граѓаните на изборната апликација на СДСМ, ги потврдува нивните сомнежи.

Од тимот на Сиљановска се сомневаат дека дел од хард дисковите се веќе избришани или променети. Премиерот вчера потврди дека постои таква апликација, но рече дека тоа е всушност современа база на податоци за  избирачкиот список на партијата. Денеска истото по изјави и кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.

За случајот вчера отвори предмет и Јавното обвинителство.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ