Според очевидци Мијалков не давал отпор при изнесувањето од хотелот каде што беше приведен

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков не давал отпор при приведувањето. Апсењето поминало мирно и Мијалков со лисици на рацете бил изнесен од хотелот Мериот.

Во 19 и з0 часот бил приведен и според очевидци имало зголемено полициско присуство, најмалку 20 припадници на единицата „алфи“.

Поради опасност од бегство на екс директорот на УБК вечерва му е одреден притвор во траење од 30 дена.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ