Споменикот на Андон Јанев-Ќосето е отстранет oд пред Врховниот суд

Во текот на ноќта од пред Врховниот суд, во центарот на Скопје, е отстранет споменикот на Андон Јанев – Ќосето. Контроверзна историска личност чие поставување на споменик предизвика низа реакции во јавноста. Ќосето е познат како ликвидаторот на ВМРО.

Споменикот е однесен во магацините на Металскиот завод Тито, а како што дознава Телма отстранувањето е извршено по налог на Град Скопје.

Овој споменик беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014, како дел од проектот „Скопје 2014“ и како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.

Работната група при Министерството за култура предходно утврди бројни законски прекршувања при поставувањето на овој споменик, меѓу кои и Законот за поставување на спомен обележја.

СЈО веќе работи на истрага за спомениците кои беа поставени како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, а за дел од нив е констатирано дека се дивоградби.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ