Спомен бистите на неколку народни херои во Битола премачкани со боја

Непознати сторители  потуриле со боја  бисти од партизани кои се во  алејата на спомен обележјата на учесниците во НОБ кај  Градското шеталиште  во Битола. Премачкани со  боја се бистите на народните херои  Фана Кочовска Цветковиќ, Вангел Нечевски Тунелот,  но и на други учесници во НОБ од Битола и битолско- Славко Лумбарковски, Трајан Белев, Богоја Фотев, Кочо Десано. Од Сојузот на борците во Битола го осудија ова скевенравњето  на бистите на партизните.

“Општинската организација на Сојузот на борците од Битола  го осудува овој чин и апелира во иднина да не се повторат вакви дејствија затоа што овие борци се луѓе кои се бореле за слободата и мирот и заслужуваат вистинска почит. Жално е вака да се унаказат  спомен обележајата на оние кои го положиле животот за татковината  “, вели Александар Трјаковски, претседател на ОО на СБ-Битола.

Ова не е првпат да се уништиваат спомен бистите на партизаните и други обележја од НОБ  на различни локации во Битола. Се случувало во повеќе наврати да се сквернават, обезглават или  искршат, но, досега не е откриен сторител на ваков вандалски чин. Од Сојузот на борци велат дека и во текот на денот случајот ќе го пријават во полиција, а исто така  веќе побарале од општинските јавни претпријатија, надлежни за одржување на спомениците, да ги врататат во првобитна сосотојба оштетените бисти.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ