Спировски: Да се направи масовен скринин во општините со најголе број на заразени

Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирургија, кој беше гостин во Топ тема, препорачува во вакви услови да се направи масовен скрининг на населението, во општините со најголем број заразени. Најголем проблем, според него, се луѓето кои се без симптоми на болеста или пак со мали симптоми кои ги занемаруваат.

Да се тестира кварт по кварт, зграда по зграда, како би можеле да се отркијат тие кластери на луѓе кои се без симптоми. Шетаат во градот, се движат, разговараат, сега се отворени и кафулињата и рестораните и чајџилниците, седат нормално со свои соседи, пријатели итн. а не знаат дека се болни, немаат никакви симптоми. Затоа мора да се тестира, порача д-р Спировски.

Според него тестирањето и навременото откривање е многу важно затоа што со тоа заболените побрзо ќе почнат да примаат терапија а со тоа и ќе се намали бројот на пациенти со тешка и фатална форма на болеста.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ