Спиро Ристовски останува во Шутка, апелација ја отфрли жалбата

Спиро Ристовски останува во Шутка. Скопска апелација ја отфрлила неговата жалба и го потврдила решението на Кривичниот суд за продолжување на мерката притвор, потврдија од апелација за Телма.
Ексминистерот Ристовски кој е еден од осомничените како организатор на крвавиот четврток минатата недела на јавна седница бараше од судиите да му го укинат притворот и ги уверуваше дека нема да бега, ниту би влијаел на сведоци затоа што е уверен дека ќе ја докаже невиноста.
Како организатори за 27 април освен Ристовски обвинителството ги гони експремиерот Никола Груевски и агентот Никола Бшковски кои се во бегство и за кои Интерпол не распишува потерница, пратнеикот Трајко Велјановски на кого собранието не му го одзема имунитетот и ексминистерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор а сега е во домашен. Истрагата е завршена и на потег е обвинителството за организиран криминал.
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ