Спиро Ристовски бара од апелација да му го укине притворот

Да се брани од слобода или барем во куќен притвор, побара ексминистерот Спиро Ристовски кој е еден од осомничените за организацијата на 27 април и три месеци е во притвор во Шутка.

Во кусото обраќање ги уверуваше апелационите судии дека нема да злоупотреби доколку му биде укинат притворот.

“Немам намера да бегам ја сум семеен човек со деца што учат овде. Немам резервна варијанта. Моето целосно функционирање е поврзано со Макеоднија. А во однос на тоа дека би блијаел на сведоци известен сум дека истррагата е завршена. Ниту сум помислил да влијаам на некого затоа што сум уверен дека ќе ја докажам мојата невиност” – изјави осомничениот Спиро Ристовски.

Дел од аргументите на адвокатите на Ристовски беа дека решенијата за притвор на кривичен се многу општи и нема никаков доказ дека тој може да избега или да влијае на постапката дека не бил осудуван ниту се води друга постапка против него.

На јавната седница во апелација не присуствуваше виш обивнител.

Судиите го прочитаа ставот на обивнителството дека бараат жалбата на Ристовски да биде одбиена и тој да остане во притвор поради опасност од бегство и влијание на сведоци а една од причините, поради тежината на кривичното дело и пропишната казна.

Одлуката на апелација ќе се знае деновиве.

Како организатори за 27 април освен Ристовски обвинителството ги гони експремиерот Никола Груевски и агентот Никола бошковски кои се во бегство и за кои Интерпол не распишува потерница, пратеникот Трајко Велјановски на кого собранието не му го одзема имунитетот и ексминистерот Миле Јанакиевски кој првично беше во притвор а сега е во домашен

Од организиран криминал за Телма и официјално потврдија дека истрагата за  организаторите за 27-ми април е завршена но велат и дека кон оваа истрага е додаден и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски кој исто така е во притвор и првично беше осомничен за здружување заради непријателска дејност.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ