
Спасовски: заглавените граѓани по аеродромите ќе ги вратиме назад
Сите македонски државјани кои се заглавени на некој од аеродромите во Европа и се обидуваат да се вратат назад ќе добијат помош од МНР, но по пристигнувањето ќе бидат испратени во задолжителен карантин.
„ МНР до вечер ќе ја утврди бројката на македонските државјани и дестинациите. Сите оние кои се нашле од било која причина на аеродромите треба да се пријават и на тој основ се организира нивното враќање. Има план и начин како граѓаните да се вратат во државата и кога ќе се вратат ќе бидат префрлени во карантин“, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.