Спасовски: За Велигденското молење мора да останеме дома, не да се оди во храмови

Премиерот Оливер Спасовски кој е во изолација поради средбите со заразениот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, во видео обраќање рече дека верниците на Велигден мора да останат дома. Мерките важат за сите и се прогласени за заштита на здравјето и на животите на граѓаните.

Мерките важат за сите. Ама за сите. Не смее и нема да има привилегирани. Нема да отстапиме ни педа. Забраната за движење е забрана за сите. Забраната за групирање е забрана за сите. Здравјето и животот, тие се единствените причини за овие забрани. Забраната за движење и за групирање значи и забрана за неконтролирано ширење на вирусот. Свесен за сите дилеми кои деновиве се отворија околу начинот на практикување на верата среде криза и за време на Велигденот, ве уверувам – има начин. Целиот свет поинаку го чествува Велигден оваа година. Исто ќе биде и кај нас. Ќе се помолиме во домовите, во најтесниот круг на семејството, наместо во храмовите. Во храмовите ќе бидат свештениците и тие од таму ќе ги пратат своите пораки и молитви. А ние, мора да останеме во домовите. Нема импровизации со оваа работа. Тој што ќе отстапи го загрозува своето здравје и здравјето на своите блиски. Тој што ќе отстапи и ќе се однесува несериозно, загрозува живот. Да не си играме со здравјето и животот, истакна премиерот Оливер Спасовски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ