
Спасовски за барањата на ИВЗ сериозна уцена за секуларно општетсво каде проблемите се решаваат со разговор без влијание на судски процеси
Разговор на тој начин се решаваат проблемите доколку ги има. Во овој дел двајцата вицепремиери се согласуваат откако ИВЗ упатило писмо со барања за итна денационализација на нивен имот и побрза реконструкција на џамии во Штип, Охрид и битолски Лажец кои се одвиваат со странски донации. Но за тонот на барањето на ИВЗ од 12-ти март вицепремиерот и министер за внатрешни работи смета дека е на ниво на уцена непримерен за секуларна држава.
Од ИВЗ денеска велат дека очекувале писмен одговор кој не го добиле, а не сметале дека треба да има медиумска преписка. Агрон Војника од прес службата на ИВЗ ни одговори дека се уште не е добиен одговор и ќе го кажат својот став од понеделник. Во своето писмо ИВЗ оценува дека МПЦ има фаворизирана и привилегирана состојба и дека органи на државната власт ја попречуваат работата на ИВЗ и со неспроведување на децентрализација и со реализација на странските донаторски пари за реставрирање на џамијата во Охрид.
Од 700 џамии ќе ги известиме верниците за проблемите пред претседателските избори, посочило ИВЗ во своето писмо. Владата ги отфрли наводите како неточни, без докази, со паушални оценки, како опасни за општеството и како непримерен облик на комуникација. Владата нема намера да се меша во судски процеси во кои странка е ИВЗ, а за писмото кое го сметаат за ултиматум владата размислува да го извести и обвинителството.
Миомир Серафиновиќ