
Спасовски: Со членството во НАТО, Македонија е фактор на стабилност во регионот
Како дел од безбедносен штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Македонија е фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, порача денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, во видео-конферецијата на тема глобалните закани и ризици и македонското членство во НАТО во организација на Факултетот за безбедност и американската амбасада по повод Денот на НАТО 4 април. Спасовски притоа рече дека со зачленување во НАТО и со отворените преговори за членство во ЕУ земајта се стекнала со можност за влијание и еднакво право во носење на одлуките во оваа организации.
„Со право можеме да кажеме дека сме дел од глобалните процеси кои не ставаат во редот на сојузниците со кои заеднички ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот. Македонските граѓани ја заслужија иднината што е пред нас. Денес НАТО го потврдува тоа“, рече Спасовски.
Спасовски притоа рече дека и економскиот раст на земјава зависи во голема мера од способноста на земјата да обезбеди одржлив мир и стабилност, што со членството во НАТО земјата го обезбедила.