Спасовски смирува нема опасност од ново Диво Насеље

Дали по бомбите на Фејсбук, „Ел Чека“ пука со ќорфишеци кога се заканува дека среде Скопје ќе се случи ново „Куманово” ? Министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски вели нема индиции за безбедносни нарушувања.

„Ел чека“ кој неодамна прв објави прислушувани разговори кои се однесуваат на настаните во Диво Насеље, важи за гласник на обвинетите за Диво Насеље, Сами Укшини, Валдет Зекај и Шекет Калачи и вели дека од нив ги добива бомбите. Токму затоа неговата закана одекна во јавноста. Или  меѓународна истрага за Диво Насеље или казната ќе дојде од народот, му порача „Ел Чека“ на премиерот Заев.

Шекерим Ахмеди познат како „Ел Чека“ периодов објавува на фејбук компромитирачки разговори за поранешни и сегашни фунционери, претежно на ДУИ поради што заработи обвинение и датум за судење. Во понеделникот се одложи судењето против него поради неговото отсуство. 

Тој живее во САД но судот ќе чека официјално известување од МВР дека е недостапен за да почне судење и без него, најверојатно на следното рочиште на 26 август. На кичевецот обвинет за неовластено прислушкување и тонско снимање, му се закануваат од 1 до 5 години затвор.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ