
Спасовски негативен на Ковид 19
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, вечерва на фејсбук објави дека резултатот на тестот кој му бил направен за Ковид 19 е негативен и тој не е носител на корона вирусот.
Спасовски ја информираше јавноста и дека, во согласност со препораките на епидемиолозите, ќе остане и натаму во изолација во домашни услови, подвлекувајќи дека најдисциплинирано се придржува до препораките и советите на лекарите.
Спасовски оценува и дека иако пикот на заразата е се уште тука, ефектите од почитувањето на мерките биле видливи за сите.
“Секогаш држете 2 метри физичка дистанца, носете заштитни маски и не се групирајте. Останете дома ако не мора да излегувате” -напиша Спасовски на фејсбук.