
Актерката Стојановска и браќата Будисавлевиќ на маргините на интернационалниот шверц со кокаин
Молчи полицијата, молчи обвинителството, само судот одлучи на актерката Силвија Стојановска да и одреди куќен притвор, а нејзиниот партнер од кого се разведува Восилав Будисављевиќ да го задржи во истражниот затвор во Штука најмалку 30 дена.
Така побараа обвинителите од одделенито за спречување на организиран криминал а судот се согласи дека тие можат да избегаат, да влијаат врз сведоците и да го повторат делото.
Апсењата и притворите се држеле во тајност а истрагата први ја разоткриваат македонските истражни органи, бидејќи законите во земјава не дозволуваат повеќе од 24 саса да се задржуваат осомничени лица во полициска станица. Телма дознава дека и во Шпанија се уапсени луѓе вмешани во шверцот со кокаин. Меѓу нив е и братот на овде притворениот Будисављевиќ а престојувал во Мадрид, но законите во Шпанија дозволуваат подолг период пред тие да бидат притворени.
Засега официјално е потврдено дека акцијата е меѓународна, учествуваат неколку европски полиции, ја водат шпанците , а патот на дрогата го следеле американските служби за борба против шверц на дрога.
Неофицијално Стојановска и браќата Будисаљевиќ се само алка во мегаломанскиот обид во Шпанија да се внесат три тони колумбиски кокаин кој пред пред три недели заврши во рацете на полицијата.
Сокриен патувал во подморница долга 22 метри. Требал да заврши на улиците во Велика Британија, а шверцерите планирале да заработат 100 милиони долари.
Најдоцна во понеделник полицијата и обвинителството ќе соопштат дали се точни информациите дека Актерката Стојановска била задолжена за логистика: набавки на билети, резервации на хотели, додека клучниот играч во македонската тројка бил братот на Восилав Будисављевиќ.
Македонските државјани неофицијално се поврзуваат со 700 килограми или помала количина заради која паднаа во широката европска акција за сузбивање на шверцот со кокаин.
Информацијата за куќното приведување на Стојановска одекна во јавноста доцна попладне, а таа одби да го коментира приведувањето.
Стојановска ги играше епизодите во домашната телевизија „Семејството Марковски“, додека Будисављевиќ и претходно е осудуван и тоа за за фалсификување на бугарски пасош, осуден во отсуство, и како второ обвинет во случајот „Мадам Пепи“.
Персида Момировска доби пет години затвор за шверц на два килограми кокаин, а Будисавлевиќ беше прогласен за виновен дека од Перу ја испраќал кокаинската паста.
Доколку се потврдат сомнежите на обвинителството ова трио ќе избие на врвот на шверцерските неуспешни обиди да се заработат милиони.
Во 2007 на граничниот премин Блаце беа откриени 486 килограми кокаин. Станислава Чочоровска доби 14 години затвор, а во 2017 беше пуштена на слобода заради лекување. Вредноста на дрогата запленета на Блаце беше 92 милиони евра.
Павле Беловски