
Спасовски: Не гледам причина Собранието да не го донесе законот за ЈО
Не гледам причина зошто овој парламентарен состав не би го донел законот за Јавно обвинителство, смета премиерот Оливер Спасовски.
Ги повика ВМРО ДПМНЕ да се вразумат и да не ја ставаат во заложништво целата држава со нивните изговори.
Тврди дека во секој момент во денот и ноќта може да ја свика владината седница за законот за ЈО.