
Спасовски: Митко Чавков е вистинската адреса за полицаецот осомничен за убиство
Прво објавил оглас дека продава возило, а по неколку часа свирепо го застрела и запали со бензин 36 годишниот Тетовчанец. Битолскиот полицаец Енвер Тоска пред да биде уапсен уште еднаш ги искористил социјалните мрежи и веднаш по убиството поставил монтирана слика на која стои до заменик-министерот за внатршни работи од ДУИ, Агим Нухиу. Како Тоска се вработил во МВР, и со службено оружје уби човек, сегашниот министер вели дека одговор треба да даде поранешниот директор на бирото за јавна безбедност, а сега обвинет за случувањата од 27 април во собранието.
Енвер Тоска завршил средно училиште за физиотерапија, но во неговата лична биографија нема дека ја завршил полициската академија. Тој во МВР е влезен на еден од конкурсите за кои сега Спасовски тврди дека биле со многу ниски критериуми.
ВМРО- ДПМНЕ, одново побара одговорност и оставка од актуелниот министер. Оттаму прашуваат дали постои поврзаност на убиецот со виоски партиски и јавни функционери.
Полицаецот, беше уапсен во саботата два часа по полноќ, а пред обвинител се бранел со молчење, иако претходно при распитот во полиција во детали го опишал настанот и убиството. Со жртвата се познавал од одамна.
Павле Беловски