
Спасoвски ќе бара одговорност за прислушувањата
Има сериозна истрага во сите институции и до детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во однос на скандалот со снимањето во Јавното обвинителство.
Посочи дека опремата била инсталирана во 2013 година и оти информацијата ја добиле пролетта преку свои внатрешни извори, по што веднаш ги информирале Јавниот обвинител и претседателот на Основниот суд Скопје 1.
Спасовски побара раководството на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана. Прашан зошто две години, колку што е на функцијата, МВР не ги провериле институциите, Спасовски рече дека ЈОРМ и Судството се независна власт и тие немаат можност тоа да го прават самостојно, но веднаш по добивањето на сознанијата за можни злоупотреби беа информирани и веќе е отворена постапка во која се прибираат докази.
Сепак, Спасовски се уште не кажува кој е одговорен за бегството на Груевски.