
Спасовски: Изборите реализирани во мирна атмосфера, без поголеми нарушувања
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оцени дека изборите поминале во мирна атмосфера, без поголеми нарушувања на изборниот процес.
Тој им честиташе на граѓаните на покажаната висока свест за значењето на изборите и нивниот демократски карактер.
Спасовски оцени дека имало незначителен број неправилности кои не влијаеле врз целиот изборен процес.