Спасовски или Царовска за технички премиер

Во четврток најверојатно ќе биде познато кој ќе биде премиер на техничката влада. Ќе се одлучува меѓу министрите Оливер Спасовски и Мила Царовска. Конечна одлука ќе се донесе по консултациите со коалициските партнери.

Највисокото раководство на СДСМ ќе треба да ги утврди  имињата и на дополнителните министри. Ќе се разговара и со ВМРО-ДПМНЕ кои ќе предложат министри за внатрешни работи  и за труд и социјала, и дополнителни во министерствата за земјоделство, информатичко општество и финансии.

Превремените избори ќе се одржат на 12 април, не постојат причини ниту пак дилеми за нивно одложување, вели Заев. Очекува шпанската влада да биде формирана во почетокот на јануари, а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО. Останува можноста да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува Протоколот, а која ќе стапи на сила по ратификацијата во нивниот парламент.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ