Спасовски и Вељановски се соочија во судницата за нарачателите на 27- ми април

27- ми Април одново ги разбуди сеќавањата на политичките актери. Од обвинителната клупа тогашниот спикер Трајко Вељановски од пултот за сведоци кординаторот на опозицијата Оливер Спасовски. Вториот барал, првиот не прифатил да се прекине расправата и да се потврди новот параламентарно мнозинство по изборите, по што следеше изборот на Талат Џафери за нов претседател на собранието, а протестите од улиците се префрлија во собрнаието и прераснаа во насилства.

Вељановски, побара, а сведокот Спасовски одгвори дека во дологодишната пратеничка кариера не сеќава дека некогаш била прекината расправата. Антонио Кочков е вториот сведок кој го замени Спасовски и раксжа дека преку вибер комуникација челнови на партијата ВМРО-ДПМНЕ добивале насоки за протестите на „За заедничка Македонија“. Знаеле дека партијата ги поддржувала рпотестите, но не знаше

„Имаше луѓе во ВМРО – ДПМНЕ кои ми помогнаа од инкасатор на патарина, да се вратам во дирекција. Отидов во Собранието на 27 – ми април за да бидам виден. Одев десетина пати, а на 27- ми не бев излезен на протест. Дојдов во собранието кога луѓето веќе беа влезени внатре “, вели сведокот Кочков.

Одбраната на обвинетите Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски и Трајко Вељановски како видни партиски функционери реагираа бурно дека не е исто да ги поддржуваш протестите и да ги организираш како што обвинителката Вилма Русковска навела во обвинението

Претходно поврзаноста на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ со протестите ја спомена и сведокт Михаил Младеновски, а нареднотто рочиште ќе зборува неговиот брат СТефан Младеновски. Двајцата браќа ги опфати законот за амнестија и се спасија од долгогодишни затворски казни во предметот за насилсатвата на 27-ми април. Ќе сведочи и тогашниот пратеник Весел Мемеди против тројцата партиски функционери и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски како нарачаели на насилствата во законодавниот дом.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ