Спасовски: Ги добивме одговорите од сите три институции, очекуваат датум за избори

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук-профил денес објави дека стигнале одговори од сите три институции – Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, од каде што информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки за целиот процес.

„Комисијата за заразни болести даде извештај, стручно мислење, протокол за тоа како и на кој начин може да се одржуваат изборите, какви би биле тенденциите во однос на развојот на болеста. Државната изборна комисија информираше за роковите коишто се потребни за спроведување на изборните дејствија. Во писмото од ОБСЕ/ОДИХР нè информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на датумот да ги започнат сите подготовки за испраќањето на мисијата за набљудување на изборите“, објави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Лидерите на политичките партии досега одржаа две лидерски средби, но се уште не успеаја да се договорат за датум.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ