Спасовски: Доколку се одложат изборите, ќе се одржат по месец или два

Јас очекувам дека ќе има избори на 12-ти април. Ова не е прва и изјава и став на прашањето поврзано со изборите, а се однесува на носењето на законските решенија коишто пред се значат напредок на државата, остварувањето на нашите национални интереси. Тука е носењето на законот за јавно обвинителство, законот за одбрана којшто е така многу значаен, не само за патот кон НАТО Алијансата, туку значаен генерално за положбата на Армијата, на луѓето во Армијата, истакна вечарва премиерот Оливер Спасовски на Тв Телма коментирајќи ја изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека доколку нема закон за ЈО нема распуштање на Собранието.

-Ние можеме да се расправаме, да дебатираме за теми коишто се чиста политика, партиите се тука да се натпреваруваат и впрочем сега е изборен процес во којшто ќе мора да ги спротивстават и концептите и програмите итн. Меѓутоа, за овие прашања мислам дека треба да има минимум консензус. Јас очекувам дека сепак и политичките субјекти, пратениците во Собранието ќе бидат навистина на висината на сопствената одговорност која што ја имаат и спрема граѓаните и спрема државата генерално дека низ еден дијалог ќе може да се постигне консензус во однос на носењето на овие законски решенија, рече Спасовски.

Премиерот нагласи дека очекува пратениците да ја преземат одговорноста за иднината на граѓаните, а не, како што рече, да одлучуваат од интересите на некоја политичка партија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ