Спасовки: Владата и институциите функционираат и соработуваат

Во Владата нема разидувања меѓу министрите од власта и опозицијата, соработката е на високо ниво како и соработката со сите надлеѓни институции, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски во интервју за „Вин Вин“.

„ Во оваа ситуација сите институции фунционираат како што треба исто како и Владата. По прогласувањето на вонредната состојба односите се зајакнати. Сите министри кои учествуваат во Кризниот штаб соработуваат. Тоа е најважно -да се покаже сплотеност и единство, да се покаже висок степен на одговорност“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека Владата прави се што може за да се ублажи штетата која ја трпи економијата и дека сега не е време за политички битки бидејќи дрѓавата е во во сериозна длабока криза поради епидемијата на коронавирусот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ