Спасени шестмината скијачи кои се изгубија на Попова Шапка

Шестмината скијачи кои вчера се изгубија на Попова Шапка, пронајдени се и спасени синоќа околу 21 часот, соопшти МВР.

Нивното исчезнување вчера околу 17:30 часот во Полициското одделение Попова Шапка го пријавиле 30-годишниот Ф.Р од тетовското село Лисец и косовскиот државјанин М.З.

Шестмината скијачи, од кои двајца косовски и четворица македонски државјани, околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, два километра северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала.

Веднаш е организирана потрага и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“, во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак се спуштени кон Полициското одделение Попова Шапка, информира МВР.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ