
Советот за граѓански надзор се жали дека е спречен да работи
Советот за граѓански надзор се жали дека и по една година од формирањето, е спречен да работи. Обвинуваат дека претседателот на Собранието не им префрла пари кои им се потребни за функционирање.
Од СДСМ, ќе бараат автентично толкување на член од законот за следење на комуникациите, за да се утврди кој е надлежен да им префрли пари.
Талат Џафери им одговори дека е неколегијално на крајот на мандатот вината да ја префрлаат врз него.