Советот кој ќе го спасува Охрид без архитект, а гласањето со бадентер за експертски прашања

Власта носи закон со кој ќе го спасува Охрид со архитект без право на глас во највисокото тело Совет за следење и кординација на управувањето со природното и културно наследство во Охридкито регион. Ќе се бара на оглас, но како сорабтоник кој нема да може да гласа, а потребно е да има највисока образовна титула и најмалку 10 години искуство. Додека архитектот- урбанист ќе биде нем сведок на работата на телото, други 12 членови избрани на предлог на владата и градоначалниците и 3 ца невладини претставници  ќе креваат рака за урабнистички аспекти и проблеми со дивоградбите. Кој ќе предлага плански решенија е прашање за кое новиот закон не нуди одогор, велат од асоцијацијата на архитекти.

Советот ќе биде ќе има претседател и заманик со мандати  а гласањето ќе биде по бандетер што е уште понелогично особено ако ова тело решава за стручни и експертски проблеми, реагираат политколозите.

Законот се крои од одамна, а доаѓа во време кога Охрид за влакно го зачува Статусот на заштитено подрачје под УНЕСКО. Условот кој го доби градот од обединетите нации е градот да се справи со 409 нелегани градби во азштитениот појас, а над илјада распространети долж крајбрежјето и градот.  Зелентие невладини констрираа дека Охрид се справува над 11 000 дивогради за кои охриѓани поднеле барања за легализација. Дали општина ќе урива или ќе легализира објекти меѓу кои и оној на советникот во општината тече рок на кој државата се обврза  пред УНЕСКО. Законот требаше да е предочи пред пратениците, но заради денешната пленарна седница се одложи комисисиакта расправа.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ