
Советниците продолжена рака на градоначалниците?
Советниците или општинските пратеници наместо да ја креираат локална политика, тие се продолжена рака на градоначалниците. Граѓаните тешко доаѓаат до нив, а дел од нив ги гледаат само во изборните кампањи, покажаа истражуваањата на невладиниот сектор. Најголем дел од советниците не си ги знаат ниту своите права.
Различни се мислењата на советниците, едни признаваат дека мислењето на граѓаните е реалност, други пак тврдат дека различности во ставовите имаат, а ги пеглаат на координациите.
Невладиниот сектор веќе работи на едукација на советниците, поминати се и неколку обуки. Сметат дека промени ќе има доколку на листите се најдат личности, кои имаат углед во самата заедница, а не партиски активисти. Во 80 те општини има вкупно 1336 советници, од кои само 35 се независни, а останатите се дел од нечија политичка коалиција.
Викторија Јованова