
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Тетово ќе бараат пари од општината за градските православни гробишта
Новите градски православни гробишта кај тетовско Фалише конечно по повеќе од една деценија откако се пуштени во употреба ќе започнат да се средуваат. Јавното комунално претпријатие најави дека хортикултурно ќе ги уреди а формиран е иницијативен одбор за изргадба на затворен објект и црква во дворот на гробиштата.
Советничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека на една од наредните седници ќе побараат со средства од буџетот да се изградат дел од предвидените објекти.
Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека буџетот за наредната година веќе е изгласан, но за вакви проекти кои се од витален интерес за жителите од православна вероисповед општината може да обезбеди средства.
На последната седница на советот на Општина Тетово беше одлучено новата капелата лоцирана кај старите градсите гробишта во Тетово да биде предадена во владение на ЈКП Тетово, и наскоро истата ќе треба да биде ставена во функција
Локација на новите градски гробипшта е како запуштена ливада. Нема никаков затворен објект ниту пак христијанско обележје.
Оваа локација беше избрана уште во 2007 година, поради недостиг на слободни гробни места на старите градски гробишта во Тетово. Досега на оваа локација се погребани над 100 лица. Според првичниот проект кој е реализиран само на хартија, местото е предвидено за 2.600 гробни места.
Зоран Димовски