
Советникот од Струга Нефи Усеини чека каква пријава ќе му поднесе МВР за тупаниците кон професорот Иљаз Иљази
МВР втор ден трага по вистината како советникот од оптина Струга, Нефи Усеини, го натепа професорот од Штуловиот факултет, Иљаз Иљази.
Не тепал само охридскиот советник туку уште еден негов придружник, а тоа се гледа и на сликите кои ги објави вебпроталот а1он. Дуото насилници го нарушиле јавниот ред и мир и сториле насилство, а исказите од сведоците ќе бидал клучни дали советникот и неговиот пријател ќе се гонат кривично или ќе платат парична казна. Однесувањето на Усеини, и скандалите кои остануват зад него стасаа и до премиерот Зоран Заев кој што побара од полицијата и општината да го решат случајот со насилното однесување и дивоградбата, па и по цена на политичката коалиција во советот на градот.
Бизнисменот- градежник, Усеини ја губи и поддршката од матичната партија ДУИ која дава црвено светло за уривањето, а заменикот на Заев, Бујар Османи ја понуди дивоградаба на Усеини прва за уривање.
Насилникот Усеини, пред 4 месеци нападна колега советник, а веднаш потоа стана главна тема на медиумите откако отвори ресторан лепенка до најстарото дрво во Охрид- Чинарот.
Општина Охрид нема одговор ниту за бетоснката база за цемент на фирмата во сопственсот на Усеини, се наведува во критичното соопштение на партијата Алијанса за Албанците.
По вчерашниот инцидент,пак, во кој Усеини удираше, навредуваше и му се закануваше на професорот Иљази одгворност од институциите побараа и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Павле Беловски