Социјалните работници ретко ги посетуваат семејствата приматели на социјална помош

Цели семејства од малото наспроти градските гробишта во Тетово надеж за егзитенција гледаат во нивните деца, кои уште во утринските часови ги праќаат на питање во центарот на градот. Велат дека ова е нивниот единствен излез, работа не можат да најдат, а социјалната помош со која едвај се преживува ретко кој ја зема.

Во семејството Нешари кое брои 15 члена, помош од 3.000 денари зема само постариот син, на останатите два брата им рекле дека не можат да го остварат ова право, затоа што нивниот татко кој живее одделно од нив поседува автомобил.

Сабедин Нешари набргу ја продал, како што вели старата крнтија со која собирал старо железо, но социјална помош, неговите синови, ниту пак тој не добиле.

Вели дека социјалните работници ретко ги посетуваат семејствата, и затоа помошта  ја делат од канцеларии независно од реалната состојба во која се наоѓаат луѓето.

Експертите велат дека социјалните служби се помалку се на терен и помошта ја доделуваат на основа на поднесена документација, процедура која социјалните случаи најчесто поради незнаење и не ја завршуваат докрај. Затоа, центрите за социјални работи треба постојано да им помагаат и да бидат во контакт со оваа категорија граѓани.

Пензионираниот социјален работник Стојче Ѓорѓески вели дека посебно внимание треба да се посвети на лицата кои земаат туѓа нега, кои центрите ги одбиваат или прифаќаат нивните барања за помош, без да знаат во каква состојба се наоѓаат.

Пример за тоа е неговата снаа, која бил непокретна и одбиена за туѓа нега. Жалбената постапка за неа се уште се води, иако е почината пред две години.

Од Министерството за труд и социјална политика признаваат дека во центрите за социјални работи има неопрофесионални кадри кој во периодов што следи ќе го оспособуваат преку тренинзи, но и ќе вработат дополнитени 130 стручни кадри.

И додека се чекаат нови вработувања и тренинзи, многу семејства како Нешари дигнале раце од државата, чекаат нивните празни фрижидери да се наполнат со храна од хуманите луѓе.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ