
Социјални претпријатија за помош на магинализираните на пазарот на трудот
Економскиот статус на лицата во Македонија кои се претежно без работно искуство и се маргинилизирани во општеството, причини поради кои не можат да најдат работа на пазарот на трудот, може да се подобри преку отворање на социјални претпријатија, велат познавачите на приликите.
Ваквиот вид претпријатија кои претежно озвозможуваат обука на лицата и немаат никакви предрасуди во однос на вработување на лица по било каква основа, кај нас се во зародиш, но во земјите на Европската унија учествуваа со 10 % од БДП.
Сопствениците не го земаат профитот за себе, туку го реинвестираат за развој на самата компанија , на тој начин вработените се полојални и поодговорни работници.
Кај нас засега социјалните претпријатија може да се каже дека функционираат во рамки на самите граѓански здруженија, велат од организацијата Конект..
Универзитетскиот професор Хасан Јашари, вели дека социјалните претпријатија се многу важни за таканаречените пониски слоеви од општеството. За нивен раст потребна е голема подршка од државата.
На оваа тема во повеќе градови се одржаа неколку дебати насловени како Подршка за развој на локални социјални претпријатија.
Зоран Димовски