
Социјадемократите во ЕП поднесоа амандмани за екстрадиција на Груевски
Бегството на Никола Груевски и азилот кој му го даде Унгарија можно е да влезат во Извештајот на Европскиот парламент за Македонија. Со амндмани од Унгарија ќе се бара да го преиспита азилот кој му го даде на Греувски и да го екстрадира, а за судењето на Груевски да се констатира дека било темелно и транспарентно.
Два амандмани се поднесени од Групата на социјал-демократите, а еден од Групата на Зелените во ЕП.
Левицата бара во Извештајот да влезе и тоа дека македонските законски постапки мора да продолжат според процедурите во земјата и дека Груевски треба да биде одговорна во рамките на македонскиот судски систем.
- Унгарија да ја почитува независноста на македонскиот правосуден систем и владеењето на правото во земјата, да го преиспита политичкиот азил даден на Никола Груевски и да пристапи кон негова екстрадиција во Скопје. Очекува сите засегнати страни да дејствуваат строго во согласност со релевантните национални и меѓународни закони и нагласува дека овие судски постапки не треба да се политизираат“, се наведува во едниот од амандман.
Притоа се наведува дека судењето на Груевски било водено во темелен и транспарентен правен процес, по што тој е осуден за злоупотреба на моќ на две години затвор, што е потврдено од повеќе судови, како и тоа дека тој е обвинет и во четири други кривични предмети и инволвиран и во други пет кривични истраги.
Амандамнот кој го бара Групата на Зелените пак ги повикуваа унгарските власти да ги обезбедат сите релевантни информации и потребните објаснувања во врска со случајот на Груевски кој, како што се наведува, избегал од земјата со тајна дипломатска помош на Унгарија.
- Ова се смета за чин на мешање во внатрешните работи на ПЈР Македонија, а особено за непочитување на судството и владеењето на правото во оваа земја. Го нотира барањето за екстрадиција од страна на властите во Скопје и очекува Унгарија да дејствува строго во согласност со релевантните национални и меѓународни закони со позитивен одговар на ова барање“, е дел до амндаманот.
Според неофицијални информации социјалдемократите веќе разговарале за амандманите со претставниците на народните партии и не е исклучено да ја добијат и нивната поддршка за нив. За Извештајот за Македонија во Парламентот, вклучително и за новите 18 амандмани поднесени за него, европратениците ќе гласатаа на 29 ноември.
Тамара Грнчароска