Соседните земји ги отвораат границите

Соседините земји ги олабавуваат рестриктивните мерки за заштита од Ковид – 19, граничните премини се отвараат, а започна и резервацијата во хотелите.

Грција полека почнува да се подготвува за туристичката сезона, со отворање на хотелите, како и на камповите. Но, хотелиерите загрижени колку од резервациите ќе се реализираат, што долку се појави некој позитивен во хотелот.

-Сите сме загрижени околу тоа што ќе се случи доколку биде пронајден случај на заболен во хотелот. Навистина не сакаме да размислуваме за тоа.

-Се обидуваме да обезбедиме хотелот да биде целосно резервиран, да, досега имавме некои резервации, но во овој момент немаме навистина никакво ажурирање. Не знам колку од резервациите навистина ќе се реализираат, колку клиенти ќе дојдат. Ние навистина живееме во неизвесност, вели Герасимос Бакогианис, сопственик на хотел.

Грчките власти ги подготвија протоколите за 15 јуни, датум одреден за отворање на граничните премиеини, а владата денеска соопшти дека доколку се појави позитивен случај кај турист додека престојува на одмор во Грција, ќе биде сместен во хотел карантин и тоа на товар на државата.

Косовската влада во оставка, синоќа објави отворањето на неколку гранични премини, меѓу кои и оној со Македонија кај генерал јанковиќ (блаце). Но повторно проблем со увозот на стока од Србија.

Бриселскиот дијалог нема да продолжи рече министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ по одлуката на приштинската влада дека на Косово без посебна дозвола не може да влезе српска стока ако на документите нема назнака „Република Косово“. Тој бара оваа одлука да биде повлечена.

Неколку минути после полноќ, првите туристи пристигнаа во Црна Гора. Меѓу нив не се државјаните на Македонија, откако поради зголемената стапка на заразени земјава беше тргната од листата земји чии граѓани може да патуваат на црногорското приморје. Во Херцег Нови, Тиват и Улцин денеска пристигнаа првите туристи од земјите чија стапката на атктивни случаи со коронавирусот е помала од 25 на 100.000 жители.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ