Македонија Сопствениците сами ги уриваат дивите платформи во Охрид
Дел од сопствениции на угостителските објекти на Охридското крајбрежје, денеска сами почнаа да ги отстрануваат нелегално подигнатите платформи во стариот дел од градот. Од општината информираат дека утрово кога општинските инспектори заедно со екипите пристигнале на терен со цел да ја отпочнат акцијата, затекнале дел од угостителите како веќе ги уриваат диво подигнатите палтформи со екипи кои сами ги ангажирале. Сопственицте го искористиле законското право и побараа од општината рок кои истече денеска за сами да ги отсранат платформите. Доколку акцијат ја спроведеше општината, тогаш угостителите ќе требаше да ги платата градежните активности.
„Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучија сами да ги отстранат дивопоставените платформи и уште еднаш потенцираме дека сме сериозно посветени на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите. Во текот на денешниот ден и во текот на престојниот викенд, општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите за отстранување на платформите. Доколку не се постапува согласно најавеното, општината ќе продолжи да ги извршува активностите за отстранување според предвидената динамика“, се наведува во соопштението од Општина Охрид. ТЕЛОП
Инаку , инспексицските служби во Охрид констатираа над 1000 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас. Отстранувањето започна пред една недела, со уривање на приватна куќа која се градеше без дозвола. Пред неколку дена пак, еден угостител сам ја отстрани дивата платформа во стариот дел на Охрид, по што денеска и уште неколку сопственици го следат неговиот пример.
Акцијата за уривање на дивоградбите, се спроведува во соглсност со препораките со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО.
Емилија Мисирлиевска



