
Сопругата и братот на Мијалков биле сензитивни таргети за прислушување
800 гига бајти тежеле нелегално прислушуваните разговори кои за три години успеале да ги изнесат од УБК Ѓорги Лазаревски и Звонко Костовски и да му ги предадат на ексразунавачот Зоран Верушевски. Сето тоа не го правеле за пари туку затоа што биле уведени дека тоа е праведно рече свиркачот Ѓорги Лазаревски кој е клучен сведок на СЈО во предметот Таргет- Тврдина. Меѓу прислушуваните биле и сопругата и братот на ексдиректорот на УБК Мијлков, Александра Мијалкова и Влатко Мијалков. Тие биле сензитивни Таргети, одговори Лазаревски . По ова, од обвинителната клупа каде седи Мијалков можеа да се слушнат извици на негодување.
Откако бил притворен Верушевски, Лазаревски отишол сам во МВР за да го пријави што се знае за нелегланото прислушување. Имаше бројни забелешки за обвнителот Златко Биковски кому му раскажал што се правело во УБК а на крај наместо вистинските одговорни за прислушувањето, него го притворил и го обвинил. Предлог спогодбата која уште во обвинителството му ја понудиле за 6 години затвор ја потпишал, но кога требало да биде верификувана пред судот ја отфрлил.
- Пред судијата за претходна постапка не ја потпишав спогодбата, со образложение дека обвинителот ме тера да прифатам туѓо кривчно дело. Поради тоа што не ја потпишав добив закана уште во судот а потоа во затворот бев префрлен во самица, сведочеше Ѓорѓи Лазаревски.
Лазаревски рече дека предлог спогодбата била иста од збор до збор со онаа на на Звонко Костовски и ја чувал се уште кај себе како доказ за работата на обвинителството. Судијата Туфегџиќ му посочуваше дека забелешките за работата на обвинителството треба да ги разгледува советот на Јавните обивнители а дека предметот за Пуч не е опфатен со ова обвинение.
Мијалков внимателно го следеше Лазаревски и фаќаше белешки. Од време на време со своите адвокати ги коментираше прашањата на обивнитлеите и одговорите на сведокот. Следното рочиште ќе има можност и лично да му постави прашања.
До тогаш го чекаат рочишта и за другите предмети за кои е обвинет но и одлуката дали ќе остане во притвор. Како што објави вчера Телма понудил гаранција во три недвижни имоти имоти со вкупна вредност од 1 милион евра за да се брани од слобода. Дополнително дознаваме дека станува збор за семеен имот- станбен и деловен, кој го заложува како гаранција дека нема да бега. Пред да донесе одлука судијата на претходна постапка се чека мислење од СЈО.
Елена Ивановска Мукоска